За Нас

Дознајте повеќе за нас! 

Добредојдовте во ProHost!

Нашата компанија е формирана на 11 Јуни 2006 година со цел да понудиме беспрекорни веб хостинг услуги за нашите клиенти, на физички лица како индивидуални корисници, а исто така и правни лица како деловни корисници на територијата на Р. Македонија. Покрај услугите на хостинг, нудиме и можност за соработка со останати компании како и можност да заработите како дилер, за што се оформени и посебни пакети во рамките на нашата понуда.

хостирани домени
0 +
достапност на услуги
0 %
задоволни клиенти
0 +
хостинг пакети
0

Сервиси на кои може да верувате

Беспрекорни веб хостинг услуги!

Постојана достапност

Една од најдобрите карактеристики кај нас е постојаната достапност на нашите сервери. Страните хостирани преку нашата компанија ќе бидат достапни на интернет и достапни до јавноста во досега незабележан процент од 99,9% од вкупното време на достапност во текот на месецот. 
Постојаната контрола, разните провајдери на кои се базира одржувањето на серверот, постојано на располагање за можните прашања од страна на клиентите овозможува судбината на вашите страници да не биде неизвесна, а достапноста променлива.

Помош и надградба

Ви стоиме на располагање за да овозможиме најразлични алатки за помош и надградба на услугите кон Вас како наши клиенти и корисници на нашите услуги. 
Со алатките можете со базични познавања да ја уредите својата веб страна, да извршите прилагодувања на вашите веб е-меил адреси, да имате увид во посетеноста на Вашата страна, а доколку сте еден од нашите клиенти-дилери и дополнителни погодности.

Долгорочни соработки

Во нашето долгогодишно постоење стекнавме доверба за хостирање од физички лица, бизнис корисници, владини институции, невладини организации, и поради досега многу поволните услови под кои ги нудиме нашите услуги, се надеваме дека таа соработка само ќе се проширува и ќе опслужува се поголем број на клиенти, бидејќи квалитетот е препознатлива карактеристика сам по себе, за што говорат голем број задоволни корисници. 
Придружете се на еден од најдобрите хостинг провајдери во Р. Македонија и станете дел од брзиот, современ и квалитетен начин да го најдете своето место во глобалната интернет мрежа.
ProHost
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.