ДОМЕНИ

ProHost е официјален регистратор на .мк домени. Ви нудиме регистрација и трансфер на Вашиот домен кон нашиот регистрар од друг регистрар. Одбирајќи го ProHost за Ваш .mk регистратор, ќе бидете во можност во секое време, 24 часа на ден, 7 дена во неделата, да менаџирате со Вашиот домен, односно во секое време да вршите промени на именските опслужувачи и да вршите промени на контактите за доменот.

Регистрирај .мк домен

1. Проверете дали доменот кој сакате да го регистрирате е слободен. Доколку доменот е слободен за регистрација можете да ја продолжите процедурата и на истата страна и да го порачате. На емаил адресата која ќе ја внесете при порачка ќе добиете про-фактура која треба да ја платите пред да ја продолжиме процедурата за регистрација на доменот.

2. Превземете го и пополнете го барањето за регистрација на .мк домен. Во барањето штиклирајте ја опцијата за регистрација на домен.
Доколку електронски* го потпишувате барањето, потребно е да го пратите на емаил адресата domains@prohost.com.mk (правните лица испраќаат и тековна состојба на субјектот не постара од 3 месеци).
 
Доколку го потпишувате со класичен потпис/печат за правните лица, потребно е да не контактирате на 078/306-763 за да можеме да ја превземеме документацијата и да го идентификуваме физичкото лице.
 
Во најкус можен рок откако ќе го добиеме целосното барање, доменот ќе биде регистриран.
 
Внимавајте податоците да се точни и вистинити бидејќи во спротивно, во согласност со правилникот, доменот може да Ви биде избришан од регистрар и уплатените средства нема да Ви бидат вратени.

 

Менаџирај со .мк домен

Откако доменот ќе биде регистриран/трансфериран, на емаил адресата на регистрантот ќе добиете лозинка која може да ја користите да се најавите во областа за менаџмент со .мк домени. Корисничко име е самата емаил адреса. Ќе можете во секое време онлајн и веднаш да извршите промена на контактите, именските опслужувачи, како и да побарате код за авторизација на трансфер на доменот на друг регистратор.
 
* Прифаќаме дигитални сертификати издадени од КИБС или Македонски Телеком. Сертификатот треба да биде на име на правното или физичкото лице кое бара регистрација или трансфер на домен.
 
** Физичките лица можат да регистрираат само домени со .mk екстензија и треба да имаат живеалиште или престојувалиште во Република Северна Македонија. Бидејќи треба да биде потврден нивниот идентитет, потребно е или дигитално да го потпишат барањето со електронски потпис, или да го достават лично барањето во нашата канцеларија (не може да го пратат барањето по пошта).

Цени

  • 1 година - 1199 денари
  • 2 години - 2074 денари
  • 3 години - 2913 денари
  • 4 години - 3700 денари
  • 5 години - 4425 денари
  • 6 години - 5076 денари
  • 7 години - 5642 денари
  • 8 години - 6112 денари
  • 9 години - 6462 денари
  • 10 години - 6699 денари
  • 1 година - 899 денари
  • 2 години - 1778 денари
  • 3 години - 2622 денари
  • 4 години - 3416 денари
  • 5 години - 4145 денари
  • 6 години - 4794 денари
  • 7 години - 5348 денари
  • 8 години - 5792 денари
  • 9 години - 6111 денари
  • 10 години - 6299 денари 

Трансферот на домен кон нашиот регистрар е бесплатен и ја наплаќаме само годишната обнова на доменот.
Трансферот може да се изврши само во периодот 30 дена пред да истече доменот, до денот на истекување на неговата валидност.