ProHost е силно обврзан кон почитување на приватноста на посетителите на нашиот сајт и податоците на нашите клиенти.
Кога посетител комплетира форма за контакт или порачка на нашата веб страна, ги зачувуваме тие податоци за да започнеме или континуирано да го одржиме контактот со клиентот.
Никакви финансиски податоци не се зачувуваат кај нас.
ProHost постојано се труди да ги исполнува стандардите на оваа индустрија за заштита и менаџирање со податоците на нашите клиенти или посетители за да се заштитиме од нивна загуба или злоупотреба.
НИКОГАШ нема да споделиме со никого било какви Ваши приватни податоци без ваша писмена дозвола/согласност.
Политика на враќање на средства
ProHost ќе ви ги врати во целост уплатените средства за услугата “ХОСТИНГ” доколку не сте задоволни од услугата и тоа го побарате во рок од 14 дена по активирање на услугата.
Исклучок од оваа политика е доколку клиентот ја злоупотребил услугата односно делувал во спротивност со правилата на користење на кои задолжително се има согласено при вршење на нарачката.
Уплатените средства за сите други услуги (регистрација на домени, изнајмување на виртуелни или лични сервери…) не е можно да се вратат.