Правила на користење

1. Вовед
1.1. Било која употреба на термините “ние”, “нас” или “нашата компанија” значи ПРОХОСТ ДООЕЛ, односно услугите кои ги нуди ProHost (www.prohost.com.mk). Било кое обраќање со “имател на сметка” значи клиент. Сите сметки на нашите сервери се предмет на условите и околностите опишани во овој документ. Под услови на оваа спогодба (договор) вашата нарачка на наши услуги е ваше признавање дека сте го прочитале, разбрале и неотповикливо се согласувате со овој договор.
1.2. Го задржуваме правото да го измениме овој договор без претходно известување.
1.3. Го задржуваме правото да ја надгледуваме сметката на било кој наш клиент.

2. Употреба на сметката
2.1. Имателите на сметка се одговорни за нивната лична сметка со оглед на фактот дека ние не можеме да бидеме одговорни за било каков губиток или оштетување на фајловите, датотеките или податоците кои ќе резултираат од тоа што имателот на сметка ќе дозволи трета страна да има пристап до неговата сметка.

3. Содржина
3.1. Материјалите кои ги нарушуваат правата на одредена класа луѓе се строго забранети (овде спаѓаат материјалите кои се навредливи за одредени класи на луѓе во национална, верска, расна или друга карактеристична смисла, или содржат дискриминаторски изјави).
3.2. Исто така не дозволуваме складирање, пренос и дистрибуција на податоци заштитени со авторски права на трета страна. Ваквите материјали може да вклучуваат но не се ограничени само на: авторски заштитени дела – книги, текстови, лиценциран софтвер, програми, фотографии, кодови (крекови) за софтвер, генератори на сериски броеви, музички фајлови коишто не му припаѓаат на имателот на сметка или пак нема дозвола за нивно чување или дистрибуција, или директни линкови за пристап до овие материјали.
3.3. Содржини за возрасни кои вклучуваат порнографија и други материјали со сексуална аконотација се забранети на било кој сајт хостиран преку нас. Детската порнографија е најстрого забранета, точка. Било кој клиент што ќе стави ваков материјал на неговата/нејзината страна, вклучувајќи го тука и материјалот ставен на серверот а необјавен на веб страната, ќе биде веднаш пријавен на соодветните органи на власта и ќе подлежи на законски санкции за тоа. Ние исто така ќе се подложиме на соработка со секоја владина агенција која што ќе истражува одреден клиент во врска со претпоставки за детска порнографија.
3.4. Откривањето на вакви материјали ќе резултира со итно исклучување на сметката, без претходно известување на клиентот.
3.5. Доколку една сметка е исклучена од нашата компанија поради кршење на некое од правилата наведени во овој документ, сите останати сметки кои клиентот ги има кај нас во тој момент или идни сметки од истиот клиент ќе бидат исклучени исто така.

4. Јавна природа на интернетот
4.1. Ве молиме да примите до знаење дека сите информации внесени на страната ќе се сметаат за достапни на јавноста. Важните и приватни информации треба да бидат заштитени од вас, или да имате направено резевна копија на истите. На пример, не сме одговорни за заштита на приватноста на електронските пошти или други информации пренесени преку интернет или друг мрежен оператор што клиентот го користи. Ние ќе ви овозможиме 128-битен сигуросен клуч по ваше барање за вашата веб страна за додатна цена.

5. Несакана Е-пошта
5.1. ProHost има нула-толеранција, анти-спам полиса, според која праќање на спам или друга несакана комерцијална е-пошта од нашите сервери строго е забранета. Ова вклучува, но не е ограничено само на: масовно испраќање на промотивни пораки, пропагандни материјали или непожелна комерцијална пошта на било кои групи на општествената заедница. Доколку праќате масовна пошта, имате обврска на примателите на таа пошта да им овозможите да се избришат себеси од вашата листа за масовна електронска пошта. Го задржуваме правото веднаш да ја деактивираме вашата сметка и да го спречиме понатамошното користење на нашите услуги доколку откриеме вакви активности.

6. Обновување
6.1. 30 дена пред да истече рокот за кој е закупена сметката, ProHost ќе го контактира имателот на сметката. Имателот на сметка ќе ја има опцијата да продолжи да се хостира преку ProHost или по истекот на тој месец да му биде откажана сметката. Ако имателот на сметка сака да да го продолжи договорот со ProHost, мора да се направи нов договор и на новиот да се назначи новата цена на закупената услуга во време на склучување на новиот договор а не таа што постоела во времето на првичниот договор склучен со ProHost.
6.2. По истекот на рокот за кој е закупена сметката, истата ќе биде суспендирана. Целата содржина на сајтот, иако е суспендиран, остануваат на нашите сервери уште дополнителни 30 дена по истекот на датумот за кој е закупена сметката, за во случај клиентот да сака да го обнови договорот. По истекот на тие 30 дена, сите податоци од сајтот и сметката ќе бидат целосно избришани од нашите сервери и нема да биде можно нивно повторно враќање и употреба.

7. Откажување
7.1. Сметките можат да бидат откажени во било кое време. Откажувањата се прифаќаат откако клиентот писмено ќе го побара тоа од нас. Откако ќе го потврдиме барањето за откажување, на клиентот ќе му се даде можност да ги прими сите фајлови од нивната сметка во рок од 30 дена од откажувањето. Доколку клиентот ја одбере оваа можност, сите фајлови ќе бидат префрлени на оптички медиум од страна на ProHost и истиот ќе му биде испратен по пошта. Цената за оваа услуга е 600 денари без ДДВ.

8.Заштита на податоци
8.1. Резервните копии спаѓаат секогаш на одговорност на клиентот. Ние ќе се трудиме да правиме дневни, неделни и месечни резервни копии на фајловите што се во сопственост на сметката на клиентот, но не гарантираме за сите видови на податоци што ќе бидат дел од сајтот во даден момент. Клиентите можат и самите да си направат резервна копија со помош на алатките за хостирање во контролната табла (контролен панел).

9. Корисничка обврска
9.1. Нашите услуги можат да бидат користени само за легални намери – секоја употреба на нашите услуги кои прекршуваат некој закон а на кој подлежиме ние, вие преку вашата локална судска надлежност или било која судска надлежност на кои вие или вашата веб страна подлежите, е строго забранета.
9.2. Се додека ги користите нашите услуги, се обврзувате дека нема да објавувате или пренесувате било каква незаконска, заканувачка, злоупотребувачка, навредлива, порнографска, непристојна или на друг начин непожелна информација вклучувајќи без ограничување секој пренос на информација која може да охрабрува криминално дело или прекршување на некој закон. ProHost го задржува правото на крајна одлука за тоа што означува злоупотреба.
9.3. Клиентот има обврска да ги почитува сите членови на нашиот тим или вработени во ProHost.

10. Без гаранција
10.1. Не гарантираме дека услугата ќе биде без прекини или грешки.
10.2. Во никој случај ProHost не може да биде држен одговорен за било која директна, индиректна, посебна, казнена или консеквентна штета која резултира на било кој начин од употребата или неможноста за употреба на услугите кои ги нудиме, или пак од користењето на веб просторот кој го закупува некој наш клиент.

11. По желба
11.1. ProHost го задржува правото да ја исклучи било која сметка по сопствена желба и убедување.

Верзија: 2.3
Последен пат изменето на: 25.04.2009

ProHost
Privacy Overview

This website uses cookies so that we can provide you with the best user experience possible. Cookie information is stored in your browser and performs functions such as recognising you when you return to our website and helping our team to understand which sections of the website you find most interesting and useful.