Регистрирај .мк домен
- Проверете дали доменот кој сакате да го регистрирате е слободен.
Доколку доменот е слободен за регистрација можете да ја продолжите процедурата и на истата страна и да го порачате. На емаил адресата која ќе ја внесете при порачка ќе добиете про-фактура која треба да ја платите (онлајн или преку уплатница во банка). Кратко по уплатата, доменот ќе Ви биде регистриран.
Внимавајте податоците да се точни и вистинити бидејќи во спротивно, во согласност со правилникот (Член 33), доменот може да Ви биде избришан од регистрар и уплатените средства нема да Ви бидат вратени.
Внимавајте податоците да се точни и вистинити бидејќи во спротивно, во согласност со правилникот (Член 33), доменот може да Ви биде избришан од регистрар и уплатените средства нема да Ви бидат вратени.
Трансферирај .мк домен
- Проверете дали доменот кој сакате да го трансферирате може да биде трансфериран кај нас. Доколку е се во ред можете да ја продолжите процедурата и на истата страна и да го порачате трансферот. На емаил адресата која ќе ја внесете при порачка ќе добиете про-фактура која треба да ја платите (онлајн или преку уплатница во банка) пред да можеме да ја продолжиме процедурата на трансфер на доменот.
- Превземете го и пополнете го барањето за регистрација на .мк домен. Во барањето штиклирајте ја опцијата за регистрација на домен.
- Доколку електронски* го потпишувате барањето пратете го на емаил адресата domains@prohost.com.mk. Во спротивно пратете го по пошта на адреса: ул.1 бр.123 Кондово Скопје 1060 Македонија заедно со тековна состојба не постара од 6 месеци,
- Во најкус можен рок откако ќе го добиеме барањето доменот ќе биде трансфериран. На емаил адресата наведена кај регистрант на доменот ќе добиете информации како понатаму да менаџирате со доменот: онлајн промена на контакти и именски опслужувачи, како и да побарате EPP код за авторизација на трансфер на доменот на друг овластен регистрар.
Менаџирај со .мк домен
Откако доменот ќе биде регистриран/трансфериран, на емаил адресата на регистрантот ќе добиете лозинка која може да ја користите да се најавите во областа за менаџмент со .мк домени. Корисничко име е самата емаил адреса. Ќе можете во секое време онлајн и веднаш да извршите промена на контактите, именските опслужувачи, како и да побарате код за авторизација на трансфер на доменот на друг регистрар.
* Прифаќаме дигитални сертификати издадени од КИБС или Македонски Телеком. Сертификатот треба да биде на име на правното или физичкото лице кое бара регистрација или трансфер на домен.
** Физичките лица можат да регистрираат само домени со .мк екстензија и треба да живеалиште или престојувалиште во Република Северна Македонија. Бидејќи треба да биде потврден нивниот идентитет, потребно е или дигитално да го потпишат барањето или да го достават лично барањето во нашата канцеларија (не може да го пратат барањето по пошта).