Блог

0 Comments

Разлика и дефиниција за тоа што е веб хостинг а што домен

На многу од луѓето им е малку нејасно дури и збунувачко за тоа што значи поимот домен а што веб хостинг. Ако одиме по дефиниција, веб хостинг е тип на интернет хостинг кој им дозволува на организации или физички лица да изработат свој веб сајт на кој што ќе се пристапува преку интернет, додека домен е ознака за идентификација која дефинира граници на административна автономија, авторитет или пак контрола на интернет.  


За да ги поедноставиме дефинициите, метафорички, домот во кој што живееме е хостингот, креветот, масата и столчињата се податоците од нашата веб страна, а поштенското сандаче е името на нашата веб страна.
Веб хостингот во реалниот свет е изнајмување на еден голем компјутер каде што ќе се складираат сите податоци од одредена веб страница, што значи сите податоци, без разлика дали се постови или слики се наоѓаат на вашиот хостинг. 


Откако ќе купите хостинг следниот чекор што треба да се направи е да се купи домен. Како што кажавме и погоре домен е поштенско сандаче или единствено препознатливо име или ознака за вас.
Како што поштарот знае каде и на која адреса треба да го достави писмото, така е и со домените. Го внесувате името на веб страната и тоа ве носи директно таму, исто како што поштарот го носи писмото. 
Неможе да има два исти домени, возможно е да има исто име, но наставката на крајот (.com .mk .org) мора да биде различна.

Полето на домен името се состои од три или повеќе домен имиња. Како за пример ќе земеме дека името на веб страната има три домен имиња. Секој дел од трите содржи информации со домен името така што зборот што е најдесно го изразува врвниот домен или доменот на највисоко ниво пр: www.lacialec.mk припаѓа на домен со највисоко ниво. Хиерархијата на домените опаѓа од десно кон лево така што lacialec преставува поддомен на .mk доменот.

Постоја две основни категории на домени на највисоко ниво и тоа:
 
- Општи/генерички  - .com, .gov (сојузна, државна или пак владина агенција) , .org, .edu (установа за високо образование), .biz (бизнис сајтови) 

- Домени со код на земјата    - .mk (Македонија) , .rs (Србија), .de (Германија), .fr (Франција) 

Доколку ви е потребен веб хостинг или домен, а незнаете каде да се обратите, погледнете ги нашите пакети на веб хостинг на следниов линк: https://prohost.com.mk/hosting.html 
Со секој купен пакет добивате бесплатно и е-мејл адреси со наставката на вашиот домен како на пр: darko@lacialec.mk или trajce@lacialec.mk.
Last Modified: 22 February 2016 22:58
Share
  • Twitter
  • del.icio.us
  • Digg
  • Facebook
  • Technorati
  • Reddit
  • Yahoo Buzz
  • StumbleUpon