Блог

  • Comments: 0
  • 28 March 2016 10:16
  • in Блог
  • by admin
  • Visits: 1046
  • Last Modified: -/-
  • (Current Rating 0.0/5 Stars) Total Votes: 0

Како за 5 минути да сте на интернет?

0 0
Откако објаснивме во претходниот пост што е домен а што хостинг, следи прашањето ,, Што потоа?”. Знаеме дека е лесно и со само 2 до 3 клика (https://prohost.com.mk/support/cart.php?gid=15) успешно ќе купиме домен и хостинг. Oна што потоа треба да се направи зависи од тоа за што ќе го употребувате вашиот домен или хостинг.

Ние ви нудиме доста олеснителни решенија, каде за 5 минути веќе ќе имате поставено платформа за вашиот веб сајт, форум или е-продавница. Но да започнеме од почеток.

Откако ќе купите домен и хостинг, ќе ви пристигне меил со вашите податоци за вашиот cPanel.

Што е cPanel?

cPanel е хостинг контрол панел што ви дозволува вие да менаџирате со вашиот хостинг, односно тука можете да правите буквално се што сакате. Тоа значи дека ако сакате да поставите веб страна почнувате од тука, ако сакате да конфигурирате и креирате меил адреси исто така почнувате од тука, конфигурирање на бази на податоци исто така од тука. Би додале и дека тука се прави сето менаџирање на сите податоци и датотеки па дури и доколку сакате да креирате нов профил за уште некој да има пристап до FTP тоа го правите, тука.



Објаснивме што е cPanel, односно она што ви е потребно за да менаџирате со вашиот хостинг. Како пример ќе земеме дека сакате да поставите платформа за вашиот веб сајт. Доколку сакате вашиот веб сајт да работи на Wordpress, Joomla или пак други готови системи за менаџмент со содржина (CMS) ние ви нудиме за само 1 минута и со 2 клика тоа да ви биде завршено.

Бидејќи обожавам да давам примери и како тоа да се направи, јас си купив домен. Го добив мејлот со податоците за мојот cPanel и следно што сакам да направам е да инсталирам систем за менаџмент со содржина или софтвер со кој ќе менаџирам со мојата веб страна. Бидејќи несакав да губам време а сакав да биде брзо и ефикасно го отворив cPanel – от, побарав Softaculous Apps Installer.



Што е Softaculous? Тоа е алатка, која со само еден ваш клик добивате инсталиран софтвер за менаџирање на вашата веб страна. Откако ќе кликнете на иконата Softaculous ќе ви се отвори нов прозорец кој ви нуди разни видови на готови системи за менаџмент со содржина со кој вие полесно ќе менаџирате со вашиот вебсајт. Бидејќи мене ми е потребен софтвер кој ќе ми служи само за пишување на секојдневни блог постови, јас одлучив дека ќе користам Wordpress.



Како што може да се види и на сликата од левата страна ви се нудат категории и подкатегории од тоа за што ќе го користите вашиот веб сајт. Дали ќе користите само за блог постови, дали како форум, дали само како веб календар, Softaculous за секој ваш тип има готов софтвер со кој може да биде прилагоден на вашата веб страна за 5 минути.

Да продолжиме понатаму, значи јас откако одлучив дека софтверот кој ќе го користам за менаџирање на веб страната ќе биде Wordpress, наредно што треба да направам е да го инсталирам. Кликнете на иконата на Wordpress.



Ви се отвори нов прозорец, кој ќе ви побарува да внесете неколку од податоците што се потребни за вашиот веб сајт.
Во првиот пасус, првите две полиња можете да ги оставите како што се, значи протоколот на кој што треба да работи треба да биде http, додека второто е името на вашиот домен кое треба автоматски да биде веќе впишано доколку не е впишете го пр: abcd.com . Во третото поле оставете го празно, односно избришете ги двете букви wp доколку ги има. Во вториот пасус треба да напишете како ќе биде името на вашиот веб сајт пр: Мојата нова веб страна, додека во второто поле објаснување за што ќе служи вашиот сајт. Стигнуваме до третиот доста битен пасус, каде ќе треба да внесете корисничко име, лозинка за менаџирање на вашиот веб сајт и ваша меил адреса на која ќе пристигнуваат известувања околу веб сајтот. Корисничкото име може да го оставите и како што пишува односно admin, додека лозинката ви препорачуваме да биде што покомплексна (користење мали,големи букви и карактери) или доколку не ви текнува кликнете на клучот десно од полето тој ќе ви предложи. Во последното поле внесете ваша меил адреса на која ќе може да ви пристигнуваат известувањата околу веб сајтот.



Во следниот пасус внесете го јазикот кој сакате да го користите за софтверот за менџирање на сајтот или пак оставете го како што е English.

Следно што треба да направиме е во пасусот каде што се наоѓаат понапредните опции (Advanced options) во делот Automated backups да одберете на колку време да се прави автоматски резервна копија на вашиот веб сајт. Ви препорачуваме еднаш неделно. Ни останува да одбереме дизајн на нашата веб страна, да ја внесеме истата меил адреса од погоре и кликнете на копчето Install.



Сигурно веќе ви стигнаа деталните информации за вашиот веб сајт на вашиот меил адреса која ја внесовте и веќе може да почнете со користење сајтот за она што ви е потребно.



Сега отворете некој пребарувач и внесете го вашиот домен што го купивте, јас си го купив Lacialec.mk.



Voilà, вие инсталиравте алатка за менаџирање со вашиот веб сајт и може да споделувате постови на вашиот веб сајт. Во следниот текст ќе објасниме што се уште ви нуди cPanel–от, дотогаш купете најефтин домен и хостинг заедно за 1499 годишно денари клик тука или доколку сакате да не прашате/предложите нешто можете на нашата фејсбук фан страна или во контакт формата тука.
Share
  • Twitter
  • del.icio.us
  • Digg
  • Facebook
  • Technorati
  • Reddit
  • Yahoo Buzz
  • StumbleUpon

No Comments Yet...

Info! Sorry only registered and logged in users can post comments. Please sign in or register.