Random Post: Зошто блог?
RSS .92| RSS 2.0| ATOM 0.3
  • Home
  •  

    Кај не снема?

    May 7th, 2009

    Не грижете се, нас никогаш нема да не снема :)

    Периодов бевме презафатени правејќи го она што од самото наше основање како хостинг компанија уживаме да го правиме, а тоа е: усовршување на нашите услуги према нашите ценети клиенти.

    • Комплетен редизајн на сајтот: Целта која се трудевме да ја постигнеме за цело време на работење на новиот изглед беше олеснета навигација низ нашата веб страна и свеж изглед. Сакавме посетителите лесно да го најдат она што им треба на нашиот сајт, а потенцијалните клиенти лесно да можат да извршат порачка на нашите услуги. Се надеваме ја постигнавме целта и би сакале Ваше мислење да чуеме за тоа. Редизајнот го извршија од www.dizajnira.me и ние сме презадоволни од целиот исход, па токму затоа и ги препорачуваме долку Ви треба некоја нивна услуга.
    • Пакет по мерка: Ова ни беше исто така важна понуда. Постојано го следиме пазарот за да понудиме хостинг пакети формирани според потребите на потенцијалните клиенти но во сиот тој труд настануваше една мешавина од пакети или пак недоволно совршени пакети (пример: пакетот Starter има 400MB простор додека пак наредниот (Power) има 2000MB простор).  Што доколку реално ви треба 1000MB простор? Требаше да земете пакет кој не ги исполнува Вашите потреби или пак пакет кој е двојно поголем од тоа што реално Ви треба. Токму затоа овозможивме ВИЕ самите да си креирате хостинг пакет точно по ВАША мерка. Доколку никој од нашите постоечки пакети не ги исполнува Вашите потреби и очекувања, повелете и направете самите еден таков. Цените почнуваат од 0.10 денари месечно за мегабајт простор и 0.02 денар месечно за мегабајт месечен трансфер со основна цена од 49 денари месечно. Веројатно сме први и единствени во моментов во Македонија кои ја понудија оваа услуга и го прекинаа трендот клиентот да купува пакет кој хостинг компанијата мисли дека е најдобар за него.
    • Плаќање преку кредитни картички: последно но не и најмалку важно. Имајќи го во предвид трендот кон кој се движи нашето секојдневно делување, секојдневната презафатеност од обврски, одлучивме да Ви овозможиме плаќање преку кредитна картичка од комфорот на Вашиот дом. Соработувавме 2 месеци со 2checkout.com пред да бидеме целосно подготвени за јавно да ја понудиме оваа услуга. Толкавото доцнење се направи само бидејќи сакавме и моравме да Ви понудиме безбедна околина за вршење на плаќање преку кредитна картичка.

    Останати новости кои би ве интересирале а не ги напоменав погоре се новата ShoutCast стриминг услуга и вториот веб сервер со иста конфигурација како и првиот.

    Се надевам уживате во нашата услуга доколку веќе сте наш клиент, или пак дека ќе ни дадете шанса да Ви покажеме и докажеме за нашите совршени услуги доколку сеуште не сте.

    До наредно читање,
    Адил.

    Измена: Првиот посетител на блогов што во коментар на овој пост ќе остави точен одговор на прашањето: како да забележиш дека одлично ја работиш работата која ја работиш? ќе добие 1 година бесплатен хостинг на пакетот Power + 1 година бесплатен домен. Понудава трае неограничено време а и прашањето не е тешко, нели? :)


    Промоција која не смее да се пропушти

    January 30th, 2009

    Закупете хостинг пакет до 15 Февруари 2009 година од нас, поставете еден од банерите подолу на вашата веб страна, и ќе ви одобриме кредит со кој ќе можете да ги плаќате наредните сметки на ProHost.

    Банер со големина 120×60px - 20% од вредноста на хостинг пакетот кој го имате закупено.

    Банер со големина 120×90px - 30% од вредноста на хостинг пакетот кој го имате закупено.

    Банер со големина 125×125px - 50% од вредноста на хостинг пакетот кој го имате закупено.

    Банер со големина 468×60px - 80% од вредноста на хостинг пакетот кој го имате закупено.

    Напомена:
    Се обврзувате да го задржите банерот на вашата веб страна во текот на една година.
    Банерот мора да се појавува најмалку на насловната страна.


    Заштитете си ја страната од хакирање

    January 23rd, 2009

    Во последно време, бројот на хакирани сајтови вртоглаво расте. Се почесто гледаме лути сопственици на кои им биле оштетени сајтовите или пак податоците им биле украдени.
    Иако ние како сериозна хостинг компанија си ги заштитуваме серверите, а со тоа до некаде и вашите сајтови, важно е да знаете дека вие сте одговорни за безбедноста на вашиот сајт.
    Пример: може да го поседувате најсигурниот автомобил произведен било кога во светот, но ако го оставите отклучен за неговата кражба не е крива фирмата која го произвела.

    Едноставни совети за безбедност

    1.    Држете го софтверот обновен
    Доколку користите постара верзија на софтверот на кој работи вашата веб страна, големи се шансите дека таа верзија веќе е небезбедна. Најголемите обнови на софтвер се од безбедносен и функционален аспект. Тоа значи дека доколку не ја користите последната верзија, сигурно имате пропуштено неколку безбедносни поправки.

    2.    Скрипти и код на трети страни
    Некои “добри” скрипти напишани од непознати кодери се полни со дупки. Пребарајте на интернет податоци за секој код што сакате да го користите на вашата веб страна а не сте го напишале самите. Тоа ќе ви заштеди многу време понатаму.

    3.    Ваша грешка
    Една од најголемите причини за кражба на идентитет и лесен начин за некој да добие пристап до вашата страна. Внимавајте на вашиот личен компјутер. Без разлика колку е сигурен вашиот сајт, доколку машината од која му пристапувате (како што е логирање во нашиот контролен панел или било кој дел од вашиот сајт за кој се бара логирање) не е обезбедена, има добри шанси да бидете хакирани.
    Користете антивирус, чистете ја историјата на вашиот интернет прелистувач, осигурајте ги лозинките и бидете свесни за општите безбедносни дупки (не дозволувајте вашиот интернет прелистувач да ги зачувува лозинките). Отворените wifi точки се очигледен ризик за безбедноста.

    4.    Сигурни лозинки
    Сигурна лозинка ја отежнува работата на потенцијалниот штетник. Лозинките секогаш треба да бидат комбинации на букви и бројки, големи и мали букви. Што подолга е лозинката, толку подобро.
    Не користете зборови кои се наоѓаат во речник, не користите семејни имиња и зборови кои е лесно да се погодат.

    5.    Проверувајте ги логовите редовно
    Без да прегледувате кој ви го посетува сајтот можете да бидете хакирани без да знаете за тоа.
    Проверувајте ги логовите и барајте невообичаен трансфер. Разгледувајте од каде доаѓаат податоците и каде одат. Доколку се осигурате дека сте хакирани, пребарајте на интернет за помош. Можете и да ни пишете, ќе разгледаме што можеме да направиме за вас.

    6.    Правете копија на податоците и копија на копијата
    Иако овој совет нема да ве заштити од хакирање, ќе ви биде од многу голема корист доколку ве хакираат некогаш.
    Иако се трудиме да имаме копија на сите податоци на клиентите од вчерашниот ден, од пред 7 и од пред 30 дена, многу лесно можете да направите копија од вашиот сајт. Доколку имате потреба да вратиме копија, пишете ни и ќе го направиме тоа за вас бесплатно.

    7.    Бидете во тек
    Ништо не може да го победи знаењето. Што повеќе знаете, толку полесно ви е да ги забележите проблемите и да ги решите. Опуштете се, земете сокче и почнете да читате.
    Еве неколку интересни написи за безбедноста кои ви препорачувам да ги прочитате, меѓу останатото:
    TrendMicro
    Apache Безбедност
    MySQL Безбедност
    Безбедносен Фокус
    ha.ckers.org

    8.    Најдете си ProHost
    Сигурноста ја земаме многу сериозно, не правиме компромис со нејзе. Доказ за тоа е тоа што потрошив многу безсони ноќи пред компјутер, грижејќи се за сигурноста на нашите сервери. Дури и овој текст го пишувам во 3 часот по полноќ :)
    Доколку се сомневате дека вашата веб страна е хакирана, контактирајте не веднаш. Ќе ги разгледаме логовите и ќе ви дадеме насока како да го решите проблемот. Ќе направиме се што е во наша моќ.

    9.    Внимавајте со кој се дружите
    Секој со доволно време, интернет конекција и малку интелигенција, ќе најде начин да предизвикува проблеми на интернет.
    Премногу откривање, карање или навредување на другите е добар почеток за да привлечете погрешно внимание. Во вистинскиот живот, имањето на што помалку непријатели го прават животот полесен.

    До наредно читање :)


    Зошто блог?

    January 8th, 2009

    Здраво на сите.

    Најпрво дозволете ми да ви посакам добредојде на нашиот блог.
    Иако сеуште е во изградба и оформување, преку него се надеваме да се приближиме повеќе до вас, нашите клиенти и потенцијални клиенти одржувајќи пријателско и професионално ниво на комуникација истовремено.

    На овој блог ќе ве известуваме за новости околу користењето на нашите услуги, информации, додека пак повремено ќе има и посебни понуди за посетителите на блогот :)

    Јас сум Адил, основач и администратор на ProHost. Ќе ве известувам околу новостите, специјалните понуди, измени на хостинг пакетите, и се друго што се случува во ProHost. Околу блогот и написите повремено ќе ми помагаат луѓе од нашиот тим за поддршка.

    Уште еднаш да повторам дека блогов е во развивање. Отворени и желни сме за вашите сугестии, токму затоа сакам да ве поканам да се регистрирате и да коментирате.
    Доколку веќе сте наш клиент, сакам да ве советувам да се зачлените на нашето RSS за да бидете во тек со настаните на блогот.

    Ви благодарам.


    WordPress Loves AJAX